СТАНДАРД КОНСАЛТИНГ е единствена консултанска компанија во Македонија со уникатен концепт и содржина на услуги кои даваат одговор на потребите на индустриите за воведување на стандардизирано производство со цел добивање на производи преку постојан и унифициран стабилен и постојан систем кој ќе гарантира постојаност, следливост и континуиран квалитет на производот.
Основана е од страна на Божидар Кошча (дипломиран правник) и искусен менаџер, инструктор и интерен аудитор во полето на индустријата, производството, стандардизацијата, менаџментот, маркетингот, комерцијата, правото, информатиката, дизајнот…, со повеќе од 25 години работно искуство.
Сите споменати процеси заедно прават стабилен систем на стандардизација кој е неопходен во индустријата, а особено во фармацијата и индустриите за производство на производи наменети за фармацијата и медицината…
Во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската заедница и нејзините земји, Република Македонија презема неопходни мерки со цел да се забрза развојот на стандардизацијата како еден од столбовите на инфраструктурата на квалитет, да се поттикне учеството во работата на европските тела за стандардизација (CEN, CENELEC, ETSI, EA, WELMEC, EUROMED и др.), како и да се поттикне користењето на техничките прописи на Заедницата и европските постапки за стандарди, тестирање и за оцена на сообразноста.
За таа цел уникатниот концепт на СТАНДАРД КОНСАЛТИНГ е членството преку партнерство и соработка со независни здруженија, експерти, компании и постојани сертифицирани добавувачи кои нудат специфични сертифицирани производи и услуги докажани и проверени во своите области, а се неопходни за воведување на стандардизација во индустријата…
Во редовите на СТАНДАРД КОНСАЛТИНГ се регрутирани домашни и странски експерти, тренери, инструктори, архитекти, информатичари, електричари, инженери, агрономи, правници, адвокати ,аудитори и консултанти се со цел да се обезбедат максимално најквалитетни услуги кои не смеат да отстапуваат од високите барања на стандардите…
